Алиу во „Клик Плус“: Во болница имаме апарат вреден 1 милион евра, а сè уште не е пуштен во употреба – ми рекоа да не го допирам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Што се случи со електронските здравствени картички кои излегоа од употреба и повторно се вратија здравствените книшки?

Гостувајќи во емисијата „Клик Плус“, министерот за здравство Азир Алиу изјави дека картичките биле политички злоупотребувани и дека процесот сè уште е на суд.

Иако постои апарат кој, како што рече Алиу, чини 1 милион евра, тој информираше дека сè уште не е ставен во функција.

Според него, поради тоа што судската постапка поврзана со случајот не е завршена, му било укажано апаратот да не се користи.