Алкалоид го освои ракометниот Куп на Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Алкалоид е освојувач на Купот на Македонија откако во супердраматично финале славеше над Е. Пелистер , и тоа по пенал-рулет. Тимот на Кире Лазаров маестрално го одигра овој фајналфор турнир, па по триумфот над Вардар во полуфиналето денеска го зеде скалпот и на битолчани, кои се надеваа дека по 19 години ќе стигнат до куп-трофеј, но овој пост дефинитивно ќе продолжи уште најмалку една година. Младиот Галевски беше херој и на овој меч со два одбранети седмерци во пенал-рулетот, за огромна радост на сино-белите за кои ова е прв трофеј во клупската историја.

Регуларниот дел заврши без победник, во една интересна резултатска вртелешка во која и двата тима се менуваа во водството, за на крајот да се премине кон изведување на пеналите.

Таму херој беше Галевски кој одбрани два седмерци, и така му го донесе на Алкалоид првиот пехар.