Претседателот на Левица, Димитар Апасиев го повлече својот потпис од листата за уривање на актуелната Влада. Освен него, потписот го повлекоа уште 16 други пратеници, но според документот кој го испратија од Собрание, меѓу пратениците кои го повлекоа својот параф не е и другиот пратеник на Левица, Борислав Крмов. Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, вели дека симболиката била кај Апасиев.
„За нас важна беше симболиката на таа партија, а тоа е господинот Апасиев. Станува збор за техничко прашање, другиот пратеник не е во Скопје. Кажано е дека во текот на денот ќе го повлече потписот, но повлекувањето на г.Апасиев беше проблем и за г.Реџепи и генерално за Албанците“, истакна Африм Гаши.
ТВ21 дознава дека Крмов не успеал да стаса навреме во законодавниот дом за да потпише дека се повлекува од листата. Со или без него, Алтернатива веќе одлучи утре да гласа за уривање на Владата.
„Ние како 4 пратеници на Алтернатива одлучивме едногласно, обединето и заедно, утре да гласаме за недоверба на Влада“, посочи Африм Гаши.
Што се однесува до формирањето нова Влада, Гаши рече дека не сака да прејудицира, но тоа што го знае е во која влада ќе биде дел неговата партија.
„Сакам да ви кажам дека Алтернатива никогаш нема да биде дел од Владата, ќе биде дел само од таа влада која ќе има јасен евроатлантски курс и за политики на добрососедство“, додаде Африм Гаши.
Прашањето за релациите со лидерот на АА му дојде некако неочекувано.
„Ние имаме комуникација со г. Села…Оваа фаза беше тешка за сите нас и посакувам секој од нас доколку си каже некој непотребен збор, да се извинат еден на друг“, додаде Африм Гаши.
Тој кој што отворено излезе против потписот на Апасиев на листата со 61 пратенички потпис, беше пратеникот Скендер Реџепи, кој изјави дека е изневерен од лидерот на АА, Зијадин Села бидејќи наместо 2 пратеници на ЛДП на листата се потпишани 2 од Левица. Села со одговор дека тој знаел и дека не е дете некој да го измами.
