Алжирски спортист одби да се бори со Израелец, па доби доживотна забрана за настап на ОИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Меѓународниот олимписки комитет ќе го суспендира алжирскиот џудист Фету Ноурине од настапи на Олимписките игри, поради тоа што одбил да се бори со изралскиот џудист Тохар Бутбул.

Тој ја одбил борбата со зборовите:

„Напорно работевме да стигнеме до Олимписките игри, но палестинската работа е поголема од сето тоа. Нема да ги валкам рацете со Израелец“.

Доби поддршка и од неговиот тренер. Инаку Фети и во 2019 година го напушти тогаш Светското првенство откако одби да се бори против натпреварувач од Израел.

Но, Комитетот веднаш ги испрати Алжирецот и неговиот тренер.

„Ги прекрши основните олимписки вредности како што се пријателството и меѓународното разбирање. Спортот треба да биде пример за надминување на сите политички проблеми во светот, а не обратно“, порачаа од Организацискиот комитет на ЛОИ.