ФОТО: За малку трагедија во Формула 2 – болид се запали по удар во ѕид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тајландскиот возач Тасанапол Интрафувасак (20) доживеа инцидент на слободниот тренинг во Формула 2 во Мадрид, откако ја загуби контролата над болидот и удри во заштитната ограда.

Набргу по ударот, болидот се запалил, но возачот успеал навреме да излезе од кокпитот и поминал без повреди. Поради инцидентот, тренингот бил привремено прекинат.

Возачот на тимот АРТ Гранд При удрил во заштитната ограда, по што избувнал пожар на болидот. Откако Интрафувасак го напуштил возилото, пожарот бил изгаснат за неколку минути по интервенцијата на службите на патеката.

По расчистувањето на инцидентот и интервенцијата на редарите, тренингот продолжил.

Инцидентот се случува во пресрет на премиерниот викенд на Формула 1 на патеката во Мадрид. Повеќе возачи од најелитното автомобилско натпреварување претходно предупредиле дека на одредени делови заштитните огради се наоѓаат премногу блиску до патеката, што претставува потенцијален ризик на брзите делници.