Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжи расправата за ребаланс на буџетот. Она што ја покрена расправата беа амандманите што ги предложи пратеничката Моника Зајкова. Таа има поднесено два амандмани од кои во едниот бара средства за болницата во општина Зелениково, а во другиот амандман бара гинеколог во болницата во Зелениково.
Марија Петрушевска реагираше и рече дека ова е скандалозно, бидејќи општина Зелениково нема болница!
Одговори Даниела Николовска од СДСМ која рече дека е скандалозно ова барање но ја потсети Петрушевска дека и тие пред неколку години имале слично такво барање за населбата Лисиче.
На почетокот на седницата беше повлечен амандманот на пратеничката Јованка Тренчевска, Сања Лукаревска и Оливер Спасовски како и амандманот на ЕФ од каде побараа 60 милиони денари за изградба на спортска сала во основното училиште во Боговиње. Инаку расправата во комисијата се очекува да заврши на крајот на оваа недела.
