Знаеме дека борбата против корупцијата не е лесна, но морате да имате храброст да ја добиете оваа битка, порача заменик амбасадорката на САД Никол Варнс на дебатата за справување со корупцијата. Таа истакна дека со корупцијата се опфатени многу држави и изнесува околу 5 проценти од светскиот бруто домашен производ. Варнс ги повика сита институции да работат посветено за искоренување на ова општествено зло.
-Разбирам дека се направени многу соработки и напредок, но граѓаните на кои има служите продолжуваат да очекуваат значителни резултати. Затоа ве повикувам сите денеска да работите заедно во добра волја. Како наш партнер и членка на НАТО алијансата веруваме дека Северна Македонија може значително да ја победи корупцијата, во секоја институција, ако институциите имаат моќ и се целосно ангажирани, изјави Никол Варнс, заменик амбасадор на САД.
Републичкиот јавен обвините Љупчо Коцевски истакна дека во Јавното обвинителство е почнат процес на сериозна реорганизација за да се обезбеди соодветна динамика при работењето кои би требало да резултираат со ефективни пресуди.
-Во секој посериозен предмет во кое е утврдено противправно стекната имотна корист особено во предметите по кои постапува Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе се спроведува детална финансиска истрага, не само кон сторителите на кривичните дела, туку и на сите со нив поврзани лица, Љупчо Коцевски, републички јавен обвинител.
Корупцијата ја плаќаме многу скапо, а таа има директно влијание врз намалувањето на развојот на државата, рече првата антикорупционерка Татјана Димитровска.
-Корупцијата има штетно влијание преку слабеење на институциите и ерозија на јавната доверба во истите. Борбата против корупција е се позначаен приоритет за граѓаните кои повеќе секако немаат и толеранција на истата, изјави Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК.
Марина Блажевска од Државниот завод за ревизија рече дека корупцијата е една од најголемите предизвици. Според неа резултатите ќе се постигнат само доколку има заеднички интегриран пристап на сите институции задолжени за борбата против корупцијата.
