Амбасадата на САД со помош за хематологија – 800 илјади долари за проширување на клиниката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мари Брнс, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче ја посети Клиниката за хематологија. 800.000 долари ќе бидат наменети за проширување на капацитетите за хоспитализација на пациенти во рамките на Клиниката.

„Многу нешта се променија откако почнавме да зборуваме за овој проект. Северна Македонија стана дел од НАТО, станавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на процесот за членство и се случи пандемијата Ковид-19. Она што не се менува сиве овие години е ангажирањето на САД за да работи со Македонија во насока на подобрување на здравствениот систем. Среќна сам што се реализира оваа соработка“, вели Кејт Брнз – амбасадорка на САД.

Филипче рече дека добрите пријатели се гледаат во тешките денови и дека тоа најдобро го покажале САД.

Средствата за реализирање на проектот за проширување на клиничките капацитети доаѓаат од Европската команда на армијата на САД.