Американки се маскирале во стари жени, сакале да се вакцинираат преку ред

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Две Американки од државата Флорида се маскирале во стари жени со цел преку измама да ја добијат втората доза вакцина, пренесуваат американските медиуми.Како што соопшти Канцеларијата за јавно здравје на округот Оринџ во Флорида, жени на возраст од 44 и 34 години пристигнале на местото на вакцинација носејќи капи, ракавици и очила за да ги приријат своите години.

Видео кое се прошири на социјалните мрежи и медиумите покажува како полицаец им зборува на жените за неморално однесување.

Директорот на Канцеларијата за јавно здравје во округот Оринџ, др. Раул Пино на прес-конференција рече дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Но, не биле во можност да ја добијат втората доза, бидејќи здравствените работници на местото на вакцинација се посомневале во исправноста на нивните лични документи.

Здравствените власти не знаат како тие успеале да ја земат првата доза на вакцината и дали и тогаш се маскирале.

Полицијата во округот Оринџ потврди за Си-Ен-Ен дека здравствените власти ги повикале да издадат предупредување за жените чии датуми на раѓање од личните документи не се совпаѓаат со оние што ги користеле за да се регистрираат за вакцинација. Имињата, сепак, биле исти.