Американските маринци пресретнаа и заробија товарен брод под иранско знаме кој се обидел да ја пробие блокадата на САД, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Иран тврди дека САД не го заплениле нивниот брод.
Инцидентот се случи откако Трамп објави дека американска делегација ќе пристигне во Пакистан во понеделник вечерта за понатамошни разговори, иако Техеран не потврди дека ќе учествува.
Бродот бил предупреден да застане во Оманскиот Залив и откако одбил, морнарицата го запрела со дупчење дупка во машинската просторија, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social, велејќи дека „Туска“ е во американско „заробеништво“.
„Иранскиот екипаж не сакаше да слуша, па нашиот брод ги запре со дупчење дупка во машинската просторија“, рече Трамп.
Тие наведуваат дека до бродот биле испратени повеќекратни предупредувања во текот на шест часа, но екипажот не постапил по наредбите, по што бил отворен оган врз бродот.

Иранската војска соопшти дека бродот нападнат од американските маринци патувал од Кина.
„Предупредуваме дека вооружените сили на Исламската Република Иран наскоро ќе одговорат и ќе возвратат на ова вооружено пиратство од страна на американската војска“, изјави портпарол на војската, пренесоа државните медиуми.
U.S. Marines depart amphibious assault ship USS Tripoli (LHA 7) by helicopter and transit over the Arabian Sea to board and seize M/V Touska. The Marines rappelled onto the Iranian-flagged vessel, April 19, after guided-missile destroyer USS Spruance (DDG 111) disabled Touska’s… pic.twitter.com/mFxI5RzYCS
— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 20, 2026
