Американскиот Претставнички дом ги укина трговските привилегии за Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Американскиот Претставнички дом вечерва усвои закон со кој се укинуваат трговските привилегии за Русија поради нападот врз Украина.

Претставничкиот дом ги укина и трговските привилегии и за Белорусија. Со тоа ќе се зголемат царините на увозот за двете држави.

Законот е усвоен со 424 гласови „за“ и осум „против“.

Конгресмените гласаа и за укинување на статусот „постојани нормални трговски односи“ (ПНТР), од кои 320 гласаа „за“, а петмина беа против.