Министерството за одбрана на САД суспендира дел од воената соработка со Канада поради зголемените тензии меѓу двете соседни земји, потврди висок функционер на Пентагон, обвинувајќи ја Отава дека не ги исполнува своите одбранбени обврски.
Елбриџ Колби на платформата „X“ објавио дека САД ја ставаат работата во рамките на Постојаниот заеднички одбранбен комитет на чекање затоа што Канада не направила доволно во одбранбената политика.
„Стана неизбежно да се соочиме со јазот помеѓу зборовите и делата“, напиша Колби.
Ова билатерално одбранбено тело е основано во 1940 година за координирање на безбедносните и одбранбените прашања меѓу двата соседа, а вклучува високи воени и владини претставници од двете земји.
Колби нагласи дека Канада треба да инвестира повеќе во сопствените воени капацитети.
„Само со инвестирање во сопствените одбранбени капацитети Американците и Канаѓаните ќе можат да напредуваат, да бидат безбедни и сигурни“, тврдеше тој.
