Амфитеатарот на Институтот БиоСенс во Нови Сад ќе се именува по Васко Саздовски.
Се работи за македонски научник кој животот го загуби при пад на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1ви ноември 2024 година.
Именувањето ќе се случи утре, 6 февруари, а од институтот велат дека ова е спомен на колегата.
„Васко Саздовски се издвои како посветен научник и еден од луѓето кои со своето знаење, посветеност и човечност оставија длабок и неизбришлив белег врз развојот на Институтот и академската заедница како целина“, истакнуваат тие.
Иницијативата за именување на амфитеатарот ја потпишаа 137 вработени, а за дизајнирање на спомен-плочата беше ангажирана познатата академска уметница Светлана Милиќ, м-р, која понуди уметничко решение дизајнирано да го зачува споменот на починатиот колега на достоинствен и суптилен начин.
