Амнестијата не треба да биде делумна, туку треба да се опфатат и другите монтирани политички случаи како што се Монструм, Диво Насеље, Алфа и други. Вака изјави екс претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во емисијата Клик Плус.
„Доколку треба да се помилуваат такви политичари и други политички ликови, тогаш тоа треба да оди паралелно и со другите прашања, да има општа амнестија. Има многу други теми Монструм, Диво Насеље, кои се резултат на тој лош режим кој го донесе тоа, да ги отвориме сите прашања!? Не може делумно да се отвораат темите!“, вели Зијадин Села.
Албанската опозиција прва обелодени дека измените на кривичниот законик се во врска со екс премиерот Никола Груевски. Тие досега го прашаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, доколку, како што велат, ги молел до небо меѓународните фактори за да дозволат амнестија на Груевски. Вчера и претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го праша министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дали бил на официјална или приватна посета кога се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта. А за тоа реагираше самиот министер Османи кој напишал дали прв се сретнал Ахмети, потоа Артан Груби, а потоа тој. „Можеби од четворицата ќе погоди еднаш“ рече шефот на дипломацијата.
За гласините за амнестијата на ек премиерот, реагираше и самиот Груевски. Преку неговиот Фејсбук профил напишал дека тој не побарал од никого амнестија кај претседателот Пендаровски. Го повика Претседателот јавно да каже кои лица побарале амнестија за него.
„Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски. Го повикувам претседателот на републиката кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за моја амнестија, да соопшти јавно кој му барал. Се додека траат политичките прогони во Македонија кон мене и кон другите, Македонија нема да има напредок“, порача Никола Груевски.
Што се однесува до измените на кривичниот законик, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во поинакво интервју во ТВ21 рече дека тоа прашање е отворено пред три години и дека неколку пати имал скриени средби со Заев и Груевски. Целта е, како што рече, усогласување на кривичниот законик според европските стандарди.
