Пратениците во српското собрание ја продолжија конститутивната седница со расправа за избор на претседател на Собранието, а единствениот предложен кандидат е пратеничката на Српската напредна партија (СНС) Ана Брнабиќ.
Со мнозинство гласови, по седум часа дискусија, беше одлучено гласањето за избор на претседател на Собранието да се одржи јавно, со прозивка на пратениците.
Од 158 присутни пратеници, 153 гласаа за Ана Брнабиќ, пет беа против, а воздржани немаше.
За време на гласањето опозицијата од листата „Србија против насилството“ ја напушти седницата на Народното собрание.
– Сакам да ви се заблагодарам за довербата што ми ја укажа да станам претседател на Собранието – рече Брнабиќ
-Ме информираа дека консултациите за потпретседател на Собранието се завршени. Не се удостоивте да бидете во салата за време на гласањето, никој не излезе да зборува – додаде таа.
- За шесте потпретседатели на Собранието гласаа 153, против пет, со нула воздржани. Не гласаа 18 пратеници – рече таа, а потоа ги прочита имињата на кандидатите.
