Аналитичарите се соочија со Скендер Реџепи, коалицијата АА и Алтернатива сè уште не ја подготвиле програмата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците и Алтернатива потпишаа предизборна коалиција но сè уште не ја подготвиле изборната програма – изјави генералниот секретар на Алтернатива, Зејд Реџепи, во емисијата Клик Плус на ТВ21. Реџепи изјави дека целта на коалицијата е подобрување на животот на граѓаните, а за изборната програмата рече дека е во фаза на подготвување.

Арбен Лала: Дали во вашата програма е и прашањето на припадниците на ОНА и семејствата на загинатите војници? Како ќе го решите вие тоа?

Зејд Реџепи: Секако, програмата се подготвува.

Арбен Лала: Значи се уште не е подготвена?

Зејд Реџепи: Ние ги поставивме само основите на програмата со која се формираше коалицијата – “Држава за сите“. Програмата се уште не е завршена. Причината за коалицирање нашиот заеднички интерес за подобрување на животот на граѓаните.

Но, аналитичарот, Сефер Селими, се сомнева дека опозициските партии ќе направат една програма. Според него, 18 години додека ДУИ беше на власт, ниту една опозициска партија не артикулираше точна програма со која може да ја добие поддршката на граѓаните.

-Проблемот кој јас го имам, не само со Алтернатива, скоро со сите опозициски партии, е тоа што ги артикулираат сите програмски точки за кои се зборува минатите 18 години, колку што е ДУИ на власт и никогаш немаат вистинска артикулација на програмата со која навистина би ја добиле поддршката на граѓаните. На крајот, за тоа кој ќе биде во политичката сцена, а кој ќе си замине од неа, одлучуваат граѓаните-вели Селими.

Ова дебата во Клик Плус следува по формирањето на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива. Досега е потврдена и коалицијата Беса – СДСМ, а се очекува ДУИ да излезе сама на избори, а ВМРО-ДПМНЕ со традиционалната коалиција. Се зборува и за коалиција меѓу ДПА и СДСМ, но се уште нема никаква потврда.