Од утре до 29 април Саем на книгата во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре, 23 април, па сè до 29-ти, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Саемот на книгата, на кој годинава се очекува да учествуваат околу 65 издавачки куќи од земјата и од странство.

Според организаторите, саемот ќе понуди нови наслови, автори, како и професионални активности и панел-дискусии. На настанот ќе учествуваат и меѓународни претставници од Велика Британија, Грција и регионот.

Настанот се одржува под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ и има за цел да го промовира читањето и културата на книгата. Саемот се очекува да трае седум дена и да го претвори Скопје во значаен центар на издаваштвото и читањето во регионот.