Аналитичарот Вакнин за ТВ21 со страшно предвидување: Ќе има војни на местата каде истокот се среќава со западот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аналитичарот Сем Вакнин вечерва во емисијата „21Анализа“ на ТВ21 истакна дека има промена во матрицата на моќта, односно во односите на моќта.

Според него, раселените линии, каде што се среќаваат Истокот и Западот ќе војуваат.

„Има промена во матрицата на моќта, во односите на моќта. Западот се брани. А на раседните линии, каде што се среќаваат Истокот и Западот ќе има војни. Косово, Израел, Тајван, Украина, тоа се местата каде што Истокот се среќава со Западот. Таму ќе има војни. Дури е возможно да има војни и во Полска и Унгарија. Не го исклучувам ниту тоа. Полска и Унгарија, сигурно Унгарија, му припаѓаат на Истокот, а не на Западот. Случајно се најдоа во Европската Унија. Психолошки, економски и

на многу други начини, Унгарија е држава од Источниот блок, а не од Западниот. Не знам како ќе се одигра ова, ама мислам дека

таму наскоро ќе видиме големи тензии и фрикција. Во Унгарија, а мислам и во Полска. Русија и Кина создаваат алтернатива за САД. Се здружија во БРИКС, а сега и Иран е членка на БРИКС“, вели Вакнин.

Според него, тоа е алтернативата за САД.

„И го возвраќаат ударот. Се борат за територија, за ресурси, за технологија, за сѐ. Ова е битка… Мислам дека наскоро ќе има

огромен притисок врз Зеленски да склучи мировен договор со Путин, вклучително и откажување од дел од територијата. САД не можат да поддржуваат две војни истовремено“, вели тој..