Испитувањето на Институтот за имунобиологија покажало дека секој трет граѓанин има антитела на ковид-19, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.
Анализата се спровела врз 1.000 случајни минувачи на неколку локации низ Скопје во Карпош, Аеродром, ТЦ Мавровка, Градскиот Парк, улица Македонија и Плоштад Македонија. Се земале примероци од сите возрасти.
„Обработката на податоците покажа дека 31 отсто од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал ковид-19. Во анализата беа земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека прележале“, вели директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски, пренесува СДК.МК.
Институтот правел испитувања и врз медицинските лица кои ја примија вакцината на „Фајзер“ за резултатите кои ги дава вакцинацијата. Петличковски вели дека податоците кои ги добиле се одлични, вакцинираните лица имаат голема доза антитела.
