Андоновски за ЕУ роаминг: Очекувам да биде завршено до крајот на годинава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Македонија ќе биде првата земја која ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во ЕУ.

Во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, тој објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија.

„За роамингот ветив – ќе бидеме прва држава која ќе ги исполни задачите. Тоа значи нема да плаќате дополнително кога сте во ЕУ. Балканскиот модел на роаминг сакаме да го пресликаме и за ЕУ. Ние ја завршивме својата работа, го испративме текстот до ЕУ за мислење и ќе го изгласаме во Собранието“, изјави Андоновски.

Министерот додаде дека пред две недели добиле нови прашања од Европската Унија, но дека планот останува непроменет и земјата е подготвена да ја финализира законската регулатива за укинување на роаминг трошоците.