Анестезиологот тик-токер се товари со две обвиненија, обвинителството бара и продолжување на притворот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

43-годишниот анестезиолог Валтон Дервиши сега и официјално е обвинет за две кривични дела. Основното обвинителство поднесе две пријави, првата за „несовесно работење“, а втората за „неовластено снимање“. Според Кривичниот законик, на службеното лице за несовесна работа му се заканува казна затвор од 3 месеци до 5 години, додека за делото снимање неовластено од службеното лице предвидена е најмалку 3 години затвор.

-Злоупотреба во служба“ од член 353-в став 2 во однос на став 1, како и „неовластено снимање“ од член 152 став 2 од Кривичниот законик.
Обвинителството побара на обвинетиот да му се продолжи мерката притвор-соопштија од Обвинителство.

Тетовската болница во вторникот излезе со деловник преку кој сега е строго забрането фотографирање на пациенти, додека за да се обезбеди безбедност на пациентите и лекарите се планира ангажирање на приватна компанија за обезбедување и поставување камери во тетовската болница.

-Новиот правилник го испративме до сите раководители на одделенијата и ќе го пренесат на сите лекари, медицински сестри, медицински техничари и хигиеничари. Главната причина е да се спречат неправилните дејствија што се случија во болницата пред неколку дена, за жал, да се спречат ваквите дела и нормално да се зголеми квалитетот на услугата на пациентите. Но, една од мерките што ќе ги преземеме е воведување компанија за обезбедување со што би ја зголемиле безбедноста на пациентите и вработените како и почитувањето на работното време-вели Пелумб Вела, директор на тетовската болница.

Анестезиологот од Тетово на 14 април се појави во живо на „ТикТок“ во утринските часови од одделението на Гинекологија во Тетово. По емитувањето на видеото на мрежата и прилогот на ТВ21, директорот на болницата го пријавил случајот во полиција, по што анестезиологот бил приведен и на предлог на обвинителот, судија на претходна постапка определил мерка од 8-дневен притвор.