Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вели дека по средбата со надлежните органи за одржување на патиштата може да потврди дека овогодинешниот снег нема да ги фати надлежните неподготвени.
Ангелов вели дека се преземени сите мерки за справување со состојбата во случај на обилни врнежи од снег.
„Како држава сме подготвени за претстојната зимска сезона, односно за снежните врнежи. Однапред сакам да кажам, и апелирам до граѓаните, да ги одвојат фактите од вообичаените мислења, кои секоја година може да се шират на социјалните мрежи, дека снегот повторно ги изненади надлежните органи. Годинава надлежните нема да бидат изненадени“, рече Ангеллов.