Ангелов и Заев следеа моменти од успешно дејство на хеликоптерите против шумскиот пожар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Стојанче Ангелов на својот „Фејсбук“, објави фотографии со премиерот Заев, на кого му презентира моменти на успешно дејство на хеликоптерите против шумскиот пожар.

„Моменти од успешно дејство на хеликоптерите против шумскиот пожар. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со Премиерот Зоран Заев се на терен, каде што се и пожарникарите од Словенија заедно со нашите пп сили, армија, полиција и мено население кај Месноста Грбовец, Беровско…“, стои во објавата на Центарот за управување со кризи на „Фејсбук“.