Ферати: Да инвестираме во јазикот, културата и идните генерации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Агон Ферати учествуваше на настанот организиран од Агенцијата за примена на јазикот, по повод Европскиот ден на јазиците.

Тој ја истакна важноста на јазиците како дел од идентитетот, културата и наследството, нагласувајќи дека јазичната разновидност е вредност што треба да се почитува, заштитува и негува.

Министерот Ферати изрази благодарност за работата на Агенцијата и му се заблагодари на директорот Гранит Османи за организацијата на настанот. Тој го истакна придонесот на преведувачите и јазичните професионалци во промовирањето на повеќејазичноста, олеснувањето на комуникацијата и правилната употреба на јазиците во институциите.