Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во интервју за ТВ Сител истакна дека тој не се плаши од смртта, па ни од разрешувањето од Влада, доколку се донесе таква одлука.
Тој вели дека Владата одлучува, а на него му е сеедно.
„Ќе ја прифатам секоја одлука. Јас не се плашам од смртта, а не од разрешување“, посочи Ангелов.
Директорот посочи дека неговата работа е неблагодарна и укажа на тоа дека кога генерали водат војна и гинат илјадници луѓе, и тие потоа добиваат медали или орден.
Инаку, оваа изјава следува откако граѓаните револтирани на социјалните мрежи обвинуваа за бавната реакција на надлежните.
