Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, рече дека пожарот во Кавадаречко се влошува, и дека е предизвикан злонамерно, односно дека од пет локации веднаш
„Пожарот кој што беше активен во Кавадарци, денеска се реактивираше и тоа со голема силина, почна да се движи кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро со што со дејство почнаа две ер-трактори, а ќе им се придружат еден полициски и еден армиски хеликоптер. Тешко ќе биде овој пожар да се стави под контрола оваа ноќ. Овој пожар е злонамерно предизвикан, највероатно полицијата го има во раце сторителот, одеднаш се запалени огнови на пет локации со силни огнови, кои придонесоа да зафати голема пожарна линија“, рече Ангелов, и испрати апел до граѓаните.
„Состојбата се влошува, апелирам до граѓаните на совесно однесување, ветерот дополнително го отежнува гасењето на овие тешки за гасење пожари“, вели Ангелов.
