Амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов смета дека овој Берлински процес и претседатевањето на двете држави, е важна за да се покаже на Европската Унија дека земјите може да направат нешто заеднички.
Тој одби да одговори на прашање дали Бугарија ќе го блокира патот на Северна Македонија кон ЕУ.
„Тука сме сега за Берлинскиот процес. Ние сме концентрирани да завршиме Берлинскиот процес, и да покажеме на Европа дека можеме да завршиме заеднички нешто.“, рече Ангелов.