Ангеловски: Ние 5 години во репрезентацијата живеевме вака – ОБЕДИНЕТИ!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заблагодарувајќи се на сите присутни за присуството во раните утрински часови, селекторот на македонската фудбалска репрезентација го започна својот говор на граничниот премин „Блаце“.

„Среќни сме што успеаве да го обединие народот, бидејќи ние во репрезентацијата така живеевме 5 години. Без разлика на етничка, верска било каква припадност. Бевме големо семејство, а тоа ни донесе пласман на Европско првенство“, рече Игор Ангеловски – селектор на македонската фудбалска репрезентација.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Тој додаде дека е среќен што работи со вакви фудбалери и се надева дека Македонија ќе има уште поголеми успеси.

Победата на Македонија над репрезентацијата на Грузија е историска. Македонија на ЕП 2021 ќе игра во група во Букурешт и Амстердам, а ривали ќе се селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Европскиот шампионат ќе се игра во месец јуни и јули.