Ангеловски: Отворена нова група „Јавна соба“, се работи на детектирање на членовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во гостување во „360 степени“ истакна дека отворена е уште една група „Јавна соба“, откако претходната беше избришана.

Тој посочи дека досега се приведени четири лица кој директно се инволвирани во првата група во која се споделуваа приватни фотографии и информации од девојки, жени, но и малолетнички.

„Како што веќе знаете „Јавна соба“ е затворена, но отворена е друга група и работиме на детектирање на тие членови. Се работи за нова група во која е направен трансфер на членови од претходната, но имаме група и со членови од Србија. Во моментов работиме на детектирање на сите овие инволвирани со цел санкционирање“, истакна Ангеловски.