Во Македонија малку се инвестира во фудбал. Вака изјави тренерот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски во интервју за РСЕ. Според него, сега кога Македонија се пласираше на Европскиот шампионат, клубовите и ФФМ треба да ги покажат своите капацитети и да го подигнат нивото на квалитетот на фудбалот.
На тренерот Ангеловски му е предложено продолжување на договорот со репрезентацијата само за 6 месеци. Зошто е тоа така?
Инаку Северна Македонија за прв пат во историјата успеа да се квалификува на Европскиот шампионат кој ќе започне на 11 јуни. Нашата репрезентација е во група со Украина, Австрија и Холандија, а првиот натпревар ќе се одржи во Букурешт на 13 јуни, против Австрија.
