Англија фаворит, но надежта постои – Македонија сонува во „театарот на соништата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ова е стадионот Олд Трафорд или поинаку познат како Театар на соништата. Фудбалерите на репрезентацијата на Македонија вечерва на овој терен ќе се соочат со фудбалерите на Англија. Се знае дека Англија е фаворит на овој натпревар, но Македонија често знае да изненади“, вели репортерот на ТВ21.

Енис Барди со соиграчите стапнаа на англискиот терен за да го испробаат пред средбата. Фудбалерите и тренерот знаат со кого си имаат работа, но во фудбалот не се знае. Тие на прес конференцијата пред натпреварот рекоа дека се оптимисти за позитивен резултат.

„Сите знаеме дека Англија е фаворит, не само против нас туку и против други гигантски екипи. Но ние никогаш не губиме надеж бидејќи за тоа сме дојдени, затоа играме фудбал бидејќи никогаш не губиме надеж за победа. Ќе излеземе на терен и ќе дадеме максимум до крај на натпреварот и на крај ќе го видиме резултатот“, порача Езѓан Алиоски.

За Македонија зборуваше и тренерот на Англија Герет Саутгејт. Тој рече дека Македонија има фудбалери кои знаат да направат разлика.

„Ги гледавме Македонија и Украина, имаат неколку одлични фудбалери со извонредни индивидуални квалитети, кои играат во големи европски клубови, но пред се Македонија е тим кој функционира добро“, вели Герет Саутгејт.

Ова ќе биде трет пат Македонија да игра со Англија. Во 2002 на Саутемптон резултатот беше 2-2, додека во 2006 во Манчестер натпреварот повторно заврши без победник со резултат 0-0.

Натпреварот Англија-Македонија ќе се одигра вечерва во 20.45.

Од Олд Трафорд за ТВ21, Артан Нухиу.