Англија против Италија вечерва во големото финале на ЕУРО 2020, ќе се борат за големиот пехар на ова натпреварување.
Англичаните овој момент го чекаат во текот на целата историја, затоа што ова е прво финале на Европските првенства, и прва борба за трофеј по СП 1966 година.
Италија, пак, го посакува европскиот трофеј исто така по долго време (првиот и единствен го освои во 1968 година).
Нема изразит фаворит во финалето, но Англија се смета дека е во блага предност поради домашниот терен (се игра на Вембли во Лондон) и ќе нема гостински навивачи поради ковид протоколите.
И двата тима влегоа во финалниот меч без пораз на ова ЕУРО. Италија има една победа на пенали и една по продолженија, додека Англија ја совлада Данска дури по продолженијата.
„Работевме за вакво нешто многу години, и среќни сме што стигнавме до тука. Не освоивме ништо уште. Англија ќе ја има публиката со себе. Ова финале очекувам да биде различно од останатите натпревари. Сакаме да играме добро, но најважно е да уживаме во натпреварот, и се надевам дека таа забава ќе ни донесе победа“, рече Роберто Манчини, селекторот на Италија.
„Што и да се случи, ова за нас е едно драгоцено искуство. Меѓутоа сега е во прашање бојата на медалот што ќе го освоиме, и оваа генерација има шанса да запише историја. После СП 2018 година верувавме во себе дека можеме да освоиме еден голем пехар во блиска иднина, и сега сме блиску до него. Сега знаеме дека цела нација е со нас и дека е подготвена да слави бо понеделник и доколку не го освоиме пехарот“, изјави Герет Саутгејт, амнглискиот селектор.
