Пиштол бил пронајден при полициски претрес во село Житинени, општина Центар Жупа, при што едно лице било лишено од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.
Претресот бил извршен на 10 септември во 03:10 часот од полициски службеници од ОВР Дебар, со судска наредба, во домот на Б.О. (33) од село Новак.
При претресот, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол за кој било утврдено дека лицето нелегално го поседувало.
Б.О. бил лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
