Каде и која партија ќе седне во Собрание веќе се знае. Но иако сите партии изразија задоволство од резултатот, малку се на број граѓаните кои го имаат истиот став.
„Излеговме денеска во центарот на Скопје за да го слушнеме ставот на граѓаните во врска со изборните резултати и кои се нивните очекувања за тоа кои партии ќе бидат во владата“, вели репортерката на ТВ21.
Повеќето граѓани кои ги анкетиравме се незадоволни и не очекуваат промени.
Малкумина беа граѓаните кои мислат дека може да има промени.
Додека повозрасните и младите го кажуваа својот став, децата се освежуваа на фонтаната во центарот на Скопје.
Инаку, од последните избори, коалицијата Можеме освои 46 мандати во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, а коалицијата Сега е време, 12 пратеници. Двајца пратеници освои Левица а ДПА еден.
