Антикорупциска отворила предмети за злоупотреби на фондови на ЕУ и за кршење на законот при именувања директори во ФЗОМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мајк Пенс и честиташе на Камала Харис за преземањето на функцијата потпретседател

Потпретседателот на САД во заминување, Мајк Пенс и честиташе на неговата наследничка Камали Харис во телефонски разговор, потврдија две...

Земјотрес во Индонезија, најмалку 42 загинати

Најмалку 42 лица загинаа денеска во силен земјотрес во Индонезија, соопшти локалната служба за итни случаи. Повеќе од 600 лица...

Холандија: Владата на Марк Руте поднесе оставка поради скандалот со додатоците за деца

Целата холандска влада поднесе оставка поради скандалот во кој илјадници семејства беа неправедно обвинети за проневера на детски додаток,...

Италија ги продолжи мерките, полицискиот час останува во сила до 3 март

Италија, со указ потпишан од премиерот Џузепе Конте, продолжи до 15 февруари серија ограничувања поради пандемијата на коронавирусот, вклучително...

Нови детали за трагедијата во Австралија

Страшна трагедија се случила вчера во Австралија, пренесуваат тамошните медиуми. Во домот на семејството Периновиќ во Мелбурн, полицијата пронашла...

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средтсва од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.

Пријавата е доставена и до МВР, Управата за финансиска полиција, а известени биле, меѓу другите и УО на оваа Национална агнеција, како и генералниот секретаијат на Владата, СЕП, МИОА. Нури Бајрами член на Антикорупциската комисија на денешната прес-конференција информира дека заради утврдување на фактичката состојба за наводите во пријавата, побарани се информации и од МОН како основач на оваа национална агенција, од Државниот просветен инспекторат и Инспекторатот за труд.

-На 26 јуни, годинава добивме инфомации од МОН дека е спроведениот надзор и контатирани се финансиски неправилности, односно пропусти, материјална штета, по што од Министерството е поднесена кривична пријава до ОЈО, рече Бајрами.

Пријавата подоцна била надополнувана до Управата за финсиска полиција. Државниот иснпекторат за труд, меѓу другото, констатирал дека од директорката Димова биле склучени 107 договори кои произлегуваат од јавни повици за анализа, за ангажирање стручни советници, но констатирал дека постапките не се водени како што треба при склучување на овие договори.

Од ДКСК побарале и информација и добиле потврда од ОЈО дека постапката по овој предмет е во тек.

Овој случај ќе биде пријавен од МОН во октомврискиот извештај што секоја година го испраќа до ЕК земјата, а на почетокот на јуни, бил пријавен и до канцеларијата при Министерството за финансии  – АФКОС, одделение за борба против измами на европски средства.

Отворен е и предмет оформен по анонимна пријава во однос на изборот на директор на ФЗОМ.

Имено, на еден од директорите на 26 мај 2019 г. му престанал мандатот, но не бил објавен јавен конкурс од УО како што пропишува Законот и по истечен мандат од еден месец и 10 дена повторно на 4 јули, истата година, бил назначан за в.д директор на Фондот истиот директор, што е во спротивност со Законот за здравствено осигурување. Бајрами појасни дека при разгледување на овој случај (со Орхан Рамадани) наишле на уште едно вакво прекршување на Законот со именувањето за вд директор на Данаил Дончев (на 3 август 2018 .е именува за в.д по разрешување на Сашо Стефановски, по 6 месеци конкурс не би распишан и на 6 февруари уште еднаш бил именуван за вд директор).

-Надлежноста за објавување на оглас за избор на директори е на УО, но во случај да се разреши директорот од која било причина тогаш не се објавува оглас, а Владата именува вржител на дожноста и веднаш треба да отпочне постапка од страна на УО за избор на директор, Законите не се почитуваат, а во овој случај има пропусти и од Владата и од министерот. Наша предлог одлука е да се покрене иницијатива за разрешување на Управниот одбор на ФЗОМ, рече Бајрами.