Антонио Милошоски бара прогласување ден на жалост по 40-те смртни случаи од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски побара утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост, по денешните 40 смртни случаи како последица од коронавирусот.

„Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе. Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 40 животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци. По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба утрешниот ден, 17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ, а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции.“, пишува на својот профил на „Фејсбук“, Антонио Милошоски.

Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе 🕯🕯🕯
Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 4️⃣0️⃣ животи на наши…

Posted by Antonio Miloshoski on Monday, November 16, 2020