Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати преку „Фејсбук“ на Албанците, и им порача да го осудат Бујар Османи, бидејќи тој не може да преговара со Бугарија што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце…
Еве што напиша Апасиев на Фејсбук.
„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?
Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ! Во име на Македонците преговара со Бугарија што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце… Со кое право? Со чие полномошно?
Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!
#БујареОтстапиЗаДобротоНаСите“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички…
Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, December 1, 2020
