Апел за зголемено внимание, особено кај младите – секоја втора сообраќајка е од возач на мотор или тротинет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За два месеца во Тетово се санкционирани 94 моторџии и возачи за електрични тротинети. Повеќето се фатени без потребната документација или заштитна опрема.

„Во две акции спроведени овие два месеца во Тетово се изречени 49 мерки од кои 41 во Тетово и 8 во Гостивар, а во текот на мај  53 мерки, од кои 43 во Тетово и 10 во Гостивар“, вели Фатмир Реџепи.

Од СВР Тетово предупредуваат дека сега кога се подобрија временските услови, и контролите ќе бидат почести. Апелираат да се внимава, бидејќи врз основа на податоците, во секоја втора сообраќајна незгода учествува возач на мотор или тротинет.

„Апелирам до граѓаните бидејќи скоро секој втор учесник во сообраќајот кој има сообраќајна незгода со моторцикли, велосипеди или тротинети, последиците се сериозни, да не зборуваме фатални, да не зборуваме за загуба на животи, бидејќи безбедноста во сообраќајот со овој тип е многу ниска и имаме сериозни последици. Апелираме и до родителите да внимаваат каде ги оставаат клучевите, бидејќи младите се тие кои не ги знаат правилата и знаат посериозно да настрадаат во сообраќајни несреќи со моторцикли“, вели Фатмир Реџепи.

Според сообраќајните правила, електричните тротинети мора да се движат по тротоарите, дури и со брзина на пешак, но најчесто можат да се видат на улица.