Апелација расправа за жалбите за пресудите од 27 април, одбраната бара изземање на судиите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со барање на дел од обвинетите за изземање од расправата на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска, во Апелациониот суд  денеска се одржува јавна расправа по жалбите за пресудите за случувањата на 27 април.Расправата почна речиси два часа по закажаниот термин, а по изнесеното барање за изземање, судиите дадоа пауза за да одлучат за барањето.

Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека законот е многу јасен и во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, во тој случај не може да биде судија во предметот.– Во два наврати Нича и Беџети беа судии ние ги побивавме по жалба на суд, еднаш за гаранција, еднаш за продолжување на притворот и сметам дека законот не за џабе ова го предвидел, затоа што во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, значи тежина на кривичното дело,  политичката мотивираност и така натаму, што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење што е недозволиво пред да решат по жалбата, образложи Давидовиќ.