Апелација се уште не се произнесе по жалбата на обвинетиот Алмир Дрпљанин во случајот „Алфа“, иако помина еден месец од јавната расправа. Од Апелација велат дека се уште се работи на случајот бидејќи е сложен.
-Се работи на случајот и тој е во постапка. Се уште нема одлука за случајот, додека одлука се очекува да биде донесена во наредниот период, приближно на крајот на овој или почетокот на следниот месец, велат од Апелација.
Адвокатот Асмир Алиспахиќ се надева дека второстепениот суд што поскоро ќе донесе конечна одлука по жалбите на неговиот клиент Алмир Дрпљанин.
По одлуката на Апелација, предметот е доставен до Кривичниот суд. Овој суд врз основа на вештачењата направени во Србија мора да оцени дали предметот ќе биде вратен на судење или не. Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, пред неколку недели најави дека по Кривичниот Суд ќе постапи веднаш по предметот штом случајот пристигне од Апелација.
Во вештачењето направено во Србија се констатира дека Агим Ислами, покојниот Реџаил Ќерими и ниту еден од другите осудени не се сторители на делото и дека се осудени на незаконски и наместени докази. Агим Ислами и Реџаил Ќерими се осудени на доживотен затвор за убиство на полицаец и повредување на двајца други во 2008 година на паркингот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Алмир Дрпљанин е осуден во отсуство, а подоцна е екстрадиран во Македонија, додека Рамадан Шакири е осуден на 9 години затвор за логистика.
