Апокалиптични сцени во Словенија – водата носеше се пред себе, состојбата уште е критична

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку региони во Словенија се под вода. Сцените се апокалиптични. Од вчерашното невреме поплавени се стотици домови, а водата во одредени моменти носеше се пред себе. Состојбата се уште е критична, бидејќи реката Сава се излеа во поголеми размери. Во текот на ноќта евидентирани се бројни интервенции низ државата, дежурни екипи и надлежни служби се на терен и продолжуваат со отстранување на настанатите последици и помагање на населението.

Мнистерот за одбрана Марјан Шарец најави дека Словенија ќе побара меѓународна помош, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич во наредните денови ќе ја разгледа состојбата во земјата. Словенечкиот премиер вели дека ова е најголемата поплава која ја зафатила државата од независноста.

Веќе можеме да кажеме дека ова е рекордна поплава. Таа веројатно ги надминува сите претходни поплави што ги имавме откако станавме независна држава (во 1991 година). Ова е најголемата поплава“, вели Роберт Голов.

Неколку места во земјата се уште се отсечени. Меѓу нив е и општина Межица. За нив тоа е катастрофа каква што не паметат.

Ситуацијата се уште се менува од минута во минута. Цел ден беа активирани сите надлежни служби во општината кои се обидуваа да ја решат или ублажат штетата.

Состојбата во нуклеарната централа Кршко е стабилна и под контрола, соопшти словенечката управа за нуклеарна безбедност, откако од електраната констатирале дека забележале „ненормален настан“ поради големиот проток и високиот водостој на реката Сава.