Три лица од Клиниката за Онкологија се приведени меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев. Од утрината од 8 часот извршени се претреси кај осуммина вработени за кои постои сомневање дека се поврзани со скандалот со клиниката, но за другите нема информации дали и тие се приведени или се недостапни. Неофицијално постапка е поведена и против економскиот директор и секретарката на поранешниот директор. Целата операција ја спроведува Јавното обвинителство од каде за сега се уште не сакаа да изнесуваат детали. Според неофицијални информации се трага по уште неколку лица по 8 часот
„По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија за лица кои се сомничат за случајот со скандалот на Онкологија. Кога ќе имаме повеќе детали ќе ве инфорираме.“, велат од Јавното обвинителство.
И од МВР за ТВ21 потврдија дека од Обвинителството биле побарани полициски екипи за спроведување на постапката и дека се приведени вработени во Клиниката, но велат дека случајот го води Обвинителството и дека не можат да даваат други информации. За тоа што се случувало на Клиниката говореше актуелната директорка Виолета Клисарова и организацискиот директор Халит Матоши. Тие рекоа дека полицијата не разговарала со нив, само им покажале дека имаат налог, а притоа потврдија дека биле приведени три лица.
„Двајца беа тука и од тука се изнесени“.
-Дали имаше некои други проверки од страна на полицијата
„Можно е да имало а да не сум информирана ова што знам ви го потврдувам“.
-Дали се одземени доказни материјали или досиеја
„Не можам ништо тоа да ви кажам не знам, немаме информација.“
„Само дојдоа со налог за кој треба да се приведе. Од тука тројца се земени, директорот да, и две вработени. Секретарката на е се појави на работа, може е земена од негде, не знам исклучен и е телефонот. Едно медицинско лице и едно вработено.“, рече Халит Матоши.
Скандалот со Клиниката за онкологија ја потресе јавноста во септември минатата година кога беше обелоденето за постоење на разработена група од вработени во Клиниката меѓу кои биле и повеќе лекари и медицински персонал кои препродавале цитостатици. За ова беше формирана и Анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност, на која се појави и екс директорот Нино Васев.
