Арачиново, седумте сирачиња се враќаат на училиште – изгубиле од наставата додека ја чекале новата куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седумте сирачиња од Арачиново влегоа во новата куќа. Куќата е изградена од донатори и хуманитарното здружение “Сираците од Балканот“. Децата сега ќе можат да продолжат и со образованието кое го прекинаа бидејќи живееа надвор од Арачиново додека чекаа да се изгради новата куќа. Чичкото на децата, Ваљон Небиу рече дека ќе се грижи овие деца да не го напуштат школувањето и да продолжат со настава.

„Да, и на децата им беше тешко, но сега се добро, помирни се. Со училиште ќе продолжат 3 деца, а кога ќе дојде време, ќе треба да се запишат и двете други“, истакна Ваљон Небиу.

Во куќата на децата дојде и директорот на основното училиште во Арачиново. Тој вети дека ќе се погрижи за електронската опрема и дека ќе биде во контакт со старателот на децата за да види како им оди наставата.

„Во соработка сме со Ваљон, нивниот старател. Едното дете е со физичко присуство, а останатите две следат настава онлајн. Сега можеме заедно во соработка со Ваљон да им помогнеме и да им обезбедиме компјутери дома“, додава Азам Аки. 

На почетокот на следната учебна година уште две сирачиња од ова семејство ќе се запишат на училиште. Овие деца останаа сираци по едно злосторство што се случи минатата година во нивното  семејство.