Арбен Зибери: Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколи, за да може гласачи од ДУИ да дојдат на 15. јули и да гласаат.

На ова реагираше Венко Филипче, министерот за здравство, кој најави дека ќе биде сменет после ваквата изјава на Зибери.

Но, и Зибери не остана „покус“, па му врати на министерот.

„Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен профил на „Фејсбук“ да имам политички ставови, притоа во ниту еден момент не сум ја злоупотребил институцијата која ја вода, како што, за жал, прави министерот Филипче со ваквите изјави во изборна кампања“, ни изјави Зибери.