Аргентина загуби уште едно големо фудбалско име. Денеска во 66. година од животот почина поранешниот селектор на „гаучосите“, Алехандро Сабеља.
Сабеља долго време боледуваше од срцева слабост, а во последните недели беше итно хоспитализиран. Сабеља беше селектор на аргентинската репрезентација која се пласираше во финалето на СП 2014 во Бразил, во кое загубија со 1-0 против Германија во судиското продолжение.
Тој исто така беше симбол за Естудијантес де Ла Плата, како играч и како тренер, тим со кој беше освојувач на Копа Либертадорес во 2009 година и шампион во лигата во 2010 година.
