Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „Архангел“, после две децении промовираше нова песна.
„Дни оловни“ најавува нови креативни возбудувања!, велат од групата.
Песната е објавена на каналот „Јутјуб“, а од Архангел најавија наскоро и видео запис.
Оваа песна е најава пред нивниот концерт во Скопје кој е закажан за 13. јуни.
