Археолозите пронашле јајце старо 1000 години, па случајно го скршиле – еве што имало во него

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Археолозите во Израел пронашле многу ретко откритие – јајце од кокошка старо 1.000 години.

Јајцето со векови било безбедно под земјата, за на крај да биде скршено кога пристигнало кај научниците на испитување во лабораторијата.

„Бевме воодушевени кога го пронајдовме јајцето“, истакнала Ала Нагорски, археолог од израелскиот институт.

Таа додава дека понекогаш наидуваат и на делови од лушпи од јајце, но дека наоѓањето на целото јајце е навистина фасцинантно откритие.

Нагорски вели дека несреќата не влијаела на археолошката вредност на јајцето. Како што вели дел од жолчката е пронајдено во лушпата и сега е испратено на ДНК анализа.

Археолозите исто така им посочија на локалните медиуми дека јајцето сигурно ќе било скршено во одреден момент, за да може да се извршат прегледи.

Тие исто така додаваат дека на истото место пронашле три кукли направени од коска, кои веројатно потекнуваат од 11 век, како и маслена ламба. Се верува дека ламбата е стара околу 1.000 години, а во близина на неа е пронајдено и јајцето, па врз основа на тоа заклучиле дека е толку старо.

Иако во лабораторијата имало мала незгода, археолозите посочуваат дека се многу задоволни од ова откритие.

„На глобално ниво, ова е многу ретко откритие“ – додаваат тие.