Армијата обезбеди хеликоптерите да полнат гориво во близина на кризните точки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хеликоптерите нема повеќе да се враќаат назад во Скопје да полнат гориво, па да одат на истокот да гасат пожари. Армијата организираше хеликоптерите да полнат гориво во близина на кризните точки, и со тоа ќе се скрати времето меѓу две дејствувања, односно ќе се зголеми количината на исфрлена вода.

„Армијата успеа да организира сите хеликоптери вклучени во гасењето на пожарите да полнат гориво во близина на кризните точки каде што се гаси – со тоа ќе се скрати времето помеѓу две дејствувања и ќе се зголеми количината на исфрлена вода, брзината и ефикасноста во операциите. Уште рано утрово, армиските хеликоптери веќе се активни во источниот регион.“, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот „Фејсбук“.