Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 32 степена.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T=32°C. P=978hPa. U=22%. V=5m/s. UV index=8.
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.
