На 18 август 2026 година (вторник) во Кампот за обука на вода во Охрид, со почеток во 11.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.
Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На свеченоста се поканети и се очекува да присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицковски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, генерали во Армијата, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот на Армијата, пензионирани генерали, претставници од локалната самоуправа, претставници на организации со кои соработува Армијата и други гости.
